Дома Фудбал Англија Лоши вести за Хендерсон и Ливерпул

Лоши вести за Хендерсон и Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да биде надвор од терените до крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Хендерсон заработи тешка повреда на мечот со Евертон и извесно е дека ќе биде надвор од терените околу два месеци. Меѓутоа, последните информации говорат дека капитенот на Ливерпул може да ја пропушти целата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хенерсон најверојатно ќе мора да оди на операција на препоните, а конечната одлука за тоа ќе биде донесена денес.

Ова е само уште една во низата на тешки повреди кои го погодија англискиот шампион оваа сезона, па тоа е и главна причина поради која Ливерпул е далеку од врвот.

Ова е лоша вест и за англиската репрезентација, бидејќи Хендерсон најверојатно ќе го пропушти и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…