Дома Фудбал Англија Мурињо: Не сум истиот менаџер кој што бев порано

Мурињо: Не сум истиот менаџер кој што бев порано

Жозе Мурињо верува дека пораснал како тренер и тоа му помага да се справи со негативните моменти во Тотенхем.

Тотенхем е во криза и загуби на пет од последните шест меча во првенството, па Мурињо трпи големи критики.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Му благодарам на Бог што не сум тренерот кој бев. Веројатно немаше да бидам толку смирен, самоуверен и да ги контролирам емоциите. Мислам на проблеми што настануваат како резултат на секојдневна работа, и претходно реагирав на емоционален начин.  Ќе ви дадам пример, го напуштив Челзи како шампион. Бев шампион и го напуштив Челзи“, изјави Мурињо.

„Верувам дека ќе се подобриме и верувам дека ќе бидам запишан во историјата на Тотенхем поради добри работи, а не поради лоши“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…