Ова лето сите беа изненадени што Барселона толку лесно се ослободи од Луис Суарез.
Суарез практично беше избркан кога во клубот дојде Роналд Куман и тој потег се покажа како голема грешка на Каталонците. Во Атлетико Суарез игра како препороден, додека „јорганџиите“ се лидери на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку пати сезонава Суарез призна дека бил разочаран кога Барселона решила да се ослободи од него, а сега во разговор за „Франс Фудбал“ истакна дека најмногу го налутило тоа што го сметале за стар.
„Најмногу ме погоди тоа што ми кажаа дека сум стар и дека повеќе не можам да игра на највисоко ниво, дека не можам да бидам на нивото за тим кој сака да освојува трофеи“, призна Уругваецот.
Сезонава Суарез во Ла Лига зад своето име веќе има 16 голови.