Вардар е во лоша серија на порази, а во недела црвено-црните ги очекува дуелот против Елверум во Лигата на шампионите.
Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот и во тимот на Алушовски владее оптимизам за позитивен резултат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не чека пеколна недела. Ќе играме четири натпревари, два натпревари во Лигата на шампионите, еден во СЕХА и еден во домашниот куп. Одиме натпревар по натпревар, со Сегед одигравме два натпревари во кои бевме блиску до добар резултат, но на крајот не успеавме. Елверум не е наивен тим и не смееме да ги потцениме, анализиравме како играат во одбраната. Играат квалитетна одбрана, слична на скандинавската, со контакт и густа. Ние знаеме како да ги нападнеме, верувам дека ќе се радуваме по несреќните порази“, изјави Алушовски.