Дома Фудбал Италија Проблем за Милан: Раиола сака ниска откупна клаузула во договорот на Донарума

Проблем за Милан: Раиола сака ниска откупна клаузула во договорот на Донарума

Според информациите на италијанските медиуми се уште нема договор помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан за продолжување на соработката.

Договорот на Донарума со Милан истекува на крајот на сезоната и двете страни веќе подолго време се во преговори.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Росонерите“ на младиот голман му нудат петгодишен договор и плата од 7,5 милиони евра по сезона, со што ќе биде најпалтен фудбалер во тимот.

Агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола се уште не ја прифаќа понудата бидејќи сака во договорот да има откупна клаузула од 40 милиони евра.

Тоа не е прифатливо за Милан бидејќи смета дека таа сума е премногу ниска и дека не е адекватна според вредноста на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…