Дома Фудбал Лига на шампиони Порто го изненади Јувентус, Халанд одново блескаше за победа на Борусија 🎥

Порто го изненади Јувентус, Халанд одново блескаше за победа на Борусија 🎥

Вечерва се одиграа уште два натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Изненадување приреди Порто кој го победи Јувентус во Португалија со 2:1. Порто до предност дојде после само 60 секунди кога голема грешка направи Родриго Бентакур. Бентакур сакаше да ја врати топката до Шчесни, а тоа го направи катастрофално, па Тареми ја затресе мрежата на Шчесни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И овој гол како шокантно да делуваше за фудбалерите на „старата дама“ кои направија и уште неколку грешки.

Како што започна првото, така за Јувентус почна и второто полувреме. Ако Тареми погоди после 60 секунди во првото полувреме, во второто Марега стрелаше после само 20 секунди.

По овој гол Порто пропушти и уште неколку добри прилики, а тогаш стигна казната. Федерико Киеза постигна гол по асистенција од Рабио. Овој гол е и тоа како важен за Италијанците затоа што е постигнат на гостински терен.

Во вториот натпревар Борусија со 2:3 славеше против Севиља, повторно фантастичен кај „милионерите беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола и запиша една асистенција и тоа во првото полувреме кога Борусија водеше со 1:3. Конечните 2:3 ги постави Де Јонг во 84. минута.

Ерлинг Халанд со овие два гола дојде до неверојатни 18 гола на 13 настапи во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…