Дома Македонски спорт Мак ракомет Марко Вујин самоволно го напушти Вардар

Марко Вујин самоволно го напушти Вардар

Вардар утре има гостување од Лигата на шампионите против ПИК Сегед, а во составот ќе го нема Србинот Марко Вујин.

„24 ракомет“ објави дека Марко Вујин самоволно вчера ги напуштил соиграчите и си заминал од екипата, а наскоро се очекува и официјално да се раздели со „црвено-црните“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вујин претходно не најавил такво нешто и сите биле изненадени од неговиот потег, а наводно причина за ваквиот потег на Србинот е  што не играл на последниот натпревар со ПИК Сегед.

Вујин во Вардар пристигна на почетокот од оваа сезона од редовите на Спортинг Лисабон. Србинот не се снајде најдобро и не прикажува партии какви се очекуваат од него.

Вардар в четврток од 18.45 ќе игра против ПИК Сегед, а во во Сегедин отпатуваа и без Борко Ристовски, кој поради повреда остана во Скопје.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонскиот тенисер Горзад Србљак го заврши настапот на турнирот во Србија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак ги заврши мечевите на ИТФ фјучрс M25 турнирот во Куршум…