Килијан Мбапе во моментов е главна тема во фудбалскиот свет, откако синоќа ја покори Барселона со хет-трик.
22-годишниот Французин е трансфер цел на Реал Мадрид, а на лето влегува во последната година од договорот со ПСЖ.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Светците“ му нудат богат договор, но Мбапе тврди дека се уште не донел конечна одлука за својата иднина.
„Немам донесено одлука, во моментов дресот на ПСЖ е единствениот кој сакам да го носам, еден одлично одигран натпревар нема да ме забрза во носењето на одлуката, дали да го продолжам договорот и да останам во Париз“.
„Јас сум среќен тука, моја работа е да играм, не за да ги замолчам критичарите, туку да уживам во тоа што го правам и секако да му помагам на мојот тим да победува“, изјави Мбапе.