Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти покажува силен интерес кон играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анчелоти го сакаше Французинот уште минатото лето и се обиде да го донесе на „Гудисон Парк“, но Јувентус ја одби понудата.
Италијанецот не се откажува од 25-годишниот плејмејкер и тој ќе биде примарна трансфер цел на Евертон во летниот преоден рок.
Самиот Рабио е спремен да се пресели во Премиер лигата бидејќи сака ново искуство, но клучен ќе биде пласманот на Евертон сезонава.
Имено, Французинот сака да игра во Лигата на шампиони, па прашање е дали „карамелите“ ќе завршат во Топ 4 оваа сезона.