Под водство на Марио Ѓуровски Муантонг Јунајтед игра како некогаш Барселона под палката на Пеп Гвардиола.
Поранешниот репрезнтативец на Македонија ја започна својата тренерска кариера во Муантонг Јунајтед, клуб каде што своевремено се прослави и како играч. И за сега му оди одлично. На 11 натпревари колку што го водеше Муантонг тимот има 6 победи, 3 нерешени и 2 порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој форсира напаѓачки стил на игра и тоа може да се види по ефикасноста на неговиот тим кој само во еден натпревар од тие 11 не постигнал гол. Често постигнуваа три или повеќе натпревари (на шест натпревари).
На последниот натпревар Муантонг изведе акција како Барса од најдобрите денови во ерата на Пеп со Чави и Иниеста во средината. Во оваа акција избраниците на Ѓуровски имаа 36 додавања пред топката да заврши во мрежата.
SCG MUANG THONG UNITED ❤️🖤 pic.twitter.com/dF52c4e52c
— Mario Gjurovski (@MarioDjurovski) February 16, 2021