Манчестер Јунајтед категорично одбил неколку понуди од страна на Јувентус за Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на Јувентус имало контакт со колегите од „Олд Трафорд“ минатиот април и се обиделе да ја намалат целата на Французинот со тоа што ќе вклучат неколку играчи во зделката.
„Старата дама“ ги предложила Миралем Пјаниќ, Арон Рамзи, Даглас Коста и Адриен Рабио.
„Црвените ѓаволи“ категорично ја одбиле понудата и им порачале на „бјанконерите“ дека потписот на Погба можат да го добијат само доколку платат 100 милиони евра.