Предраг Мијатовиќ кој е добар пријател со Хулен Лопетеги најави голем трансфер во Шпанија.
Во овој момент Црногорецот работи како стурчен консултант на „Кадена СЕР“ каде што откри дека Лопетеги ќе се обиде да го доведе Иско.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Лопетеги е мој добар пријател и знам колку многу го цени Иско. Сепак треба да се почека да се види колку пари ќе бара Реал и колку клубот ќе треба да издвои за неговата плата. Ако Иско и понатаму е на клупа значи дека не го убедил Зидан дека заслужува место во тимот. Во таква ситуација мислам дека е добро за Иско да побара нова средина“, изјави Мијатовиќ.
Иско е далеку од најдобрата форма и го загуби местото во тимот, па наскоро би можел да ја промени средината.