Дома Фудбал Италија Конте: Во Јувентус треба да ја кажат вистината и да покажат повеќе почит

Конте: Во Јувентус треба да ја кажат вистината и да покажат повеќе почит

Антонио Конте во вчерашниот меч помеѓу Јувентус и Интер влезе во конфликт со првиот човек на Јувентус Андреа Ањели.

Конте на крајот од првото полувреме покажа среден прст кон ложата на „старата дама“, а тоа го налути Ањели. (таа ситуација можете да ја видите тука).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После натпреварот Конте порача дека во Јувентус требало да бидат малку повеќе културни кон своите гости.

„Треба да бидат повеќе културни. Треба да покажат спортски дух и почит. Четвртиот судија слушна и виде што се случуваше. Во Јувентус би требало да ја кажат вистината“, изјави Конте алудирајќи на тоа дека цело време му се дофрлувало од ложата на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата…