Дома Фудбал Италија Малдини порача: За две години ќе бидеме на нивото на Баерн и Ливерпул

Малдини порача: За две години ќе бидеме на нивото на Баерн и Ливерпул

Фантастичната форма на Златан Ибрахимивиќ го убеди раководството на Милан да му понуди нов договор, пренесуваат италијанските медиуми.

39-годишниот напаѓач има постигнато 16 гола на 17 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања и е најважен поединец во тимот на Пиоли.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директорот Малдини потврди дека клубот е спремен да му понуди нов договор, но тоа зависи само од еден фактор.

„Ние сме една од најмладите екипи во Европа и ни е потребен лидер како Ибрахимовиќ. Тој ни рече дека продолжувањето на договорот зависи од неговото тело, но ако продолжи вака не гледам зошто да не продолжи“, изјави Малдини.

„Нашата цел е да се вратиме во Лигата на шампиони. Иако сме први на табелата во Серија А и играме одлично, сепак сме далеку од најдобрите тимови во Европа како Баерн, Ливерпул Сити… Потребни ни се две до три години стабилно играње во ЛШ за да стигнеме на нивно ниво“, заклучи Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…