Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски веќе втора сезона игра во дресот на Мајорка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонскиот напаѓач не добива преголема минутажа меѓутоа како што изјави спортскиот директор Пабло Ортљес тој не побарал да си замине.
„Секогаш има играчи кои играат помалку и сакаат да заминат. Во овој случај тоа беше со Алекс Алегрија. Трајковски е со нас и е наш играч. Тренерот олучува кој ќе игра и тој, а и Трајковски лично не ми кажале дека сака да замине“, изјави Ортељс.
Во редовите на Мајорка Трајковски стигна пред две години од Палермо.