Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а ново име на списокот на Гвардиола е Ромелу Лукаку.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека , Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.
Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер, а веќе има големо искуство во Премиер лигата.
„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Сити ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.