Јирген Клоп излезе со понуда од 17 милиони евра за дефанзивниот фудбалер од Аргентина.
Младиот аргентински фудбалер, Емануел Мамана е новата цел на Јирген Клоп во овој трансфер период. Мамана е член на Лион, оваа сезона докажа дека се работи за многу талентиран фудбалер и Јирген Клоп би сакал да го види во своите редови на почетокот на подготовките за новата сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ливерпул го контактираше и фудбалерот, не само Лион, наводно му понудил петгодишен договор вреден 3,2 милиони евра годишно. Ова момче пристигна од Ривер Плата пред точно година дена, но го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Арсенал и Тотенхем исто така се заинтересирани за него, но Ливерпул излезе со првата понуда.