Дома Топ вести Реал доби конкуренција, Челзи го сака Алаба

Реал доби конкуренција, Челзи го сака Алаба

Давид Алаба на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент, па веќе започна трката за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид важи за фаворит за потписот на Австриецот, но сега во трката сериозно се приклучи и Челзи.

Според бројни информации, 28 годишниот дефанзивец е блиску до мадритски Реал со кој веќе води преговори. На големо се пишуваше дека Алаба и има договор, но последните информации говорат дека тоа не е така.

Ситуацијата сака да ја искористи Челзи и да го донесе Алаба на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи новиот тренер Томас Тухел силно го посакува Австриецот.

„Сините“ веќе стапиле во контакт со агентот на Алаба и се спремни да понудат пободат договор од тој кој го нудат „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…