Дома Фудбал Херојот Пандев го тешеше трагичарот Елмас

Херојот Пандев го тешеше трагичарот Елмас

Џенова синоќа го победи Наполи со 2:1, а херој за домаќините беше Горан Пандев кој ги постигна двата гола.

Капитенот на македонската репрезентација е главна тема во италијанските медиуми бидејќи на 37 години игра на врвно ниво.

За разлика од него Елмас беше трагичар, бидејќи во последната минута промаши чиста шанса и пропушти да му донесе реми на Наполи.

На крајот на мечот Пандев и Елмас завршија во прегратка, па капитенот го тешеше помладиот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гасперини ја отфрли дилемата: Дибала и Суле се благослов, а не проблем

Дибала се враќа во конкуренција пред гостувањето кај Парма, а Гасперини не гледа пречка да…