Новата повреда на Еден Азар ги загрижи сите во Реал Мадрид, но и во белгиската репрезентација.
Вчера стана јасно дека ѕвездата на Реал Мадрид ќе отсуствува од терените 4 до 6 недели поради нова мускулна повреда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Докторот на белгиската репрезентација, Кристоф Сас тврди дека Азар тешко може да излезе од ситуацијата во која е западнат.
„Кога еден фудбалер е во форма, многу помали се шансите да се повредува. Азар се наоѓа во еден магичен круг и не е лесно да излезе од него. Загрижувачки е тоа што се случува со неговата мускулатура“, изјави Сас.
„Би сакале тој да може да игра редовно во Реал и да биде во форма за ЕП. Во моментов нема простор за драма, но е многу важно Азар да излезе од оваа слепа улица. Случаите со хронични повреди никогаш не завршуваат добро“, изјави докторот на белгиската репрезентација.