Дома Фудбал Англија Тотенхем донесе одлука за Герет Бејл

Тотенхем донесе одлука за Герет Бејл

Раководството на Тотнехем донесе одлука за иднината на Герет Бејл, пренесуваат медиумите на Островот.

Како што е познато, Велшанецот во моментов е на позајмица во Тотенхем од Реал Мадрид и клубот има опција да го задржи на крајот на сезоната. Меѓутоа, по се изгледа дека тоа нема да се случи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Жозе Мурињо и директорите на клубот донеле одлука да не ја искористат опцијата за откуп на Герет Бејл.

Тие процениле дека 31-годишниот фудбалер не покажал доволно за да ги убеди да остане во Тотенхем.

Лондонскиот клуб веќе го известил раководството на Реал Мадрид дека на крајот на сезоната ќе го врати играчот во Мадрид.

Бејл ова лето се врати во Тотенхем и до сега на 15 меча постигна 4 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тео Ернандез заминува во Премиер лигата

Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на Милан Тео Ернандез, а Французинот наводно е дост…