Потребни беа само два дена да се распродадат луксузните билети за Светското првенство во фудбал во Катар, и покрај астрономските цени.
Наредното Светско првенство во фудбал ќе се игра во Катар и ќе започне на 21 ноември 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Организаторите ги одредија цените на билетите за луксузни места, а пакетот во ложата на „Лусаил Ајконик“ стадионот чини неверојатни 2,6 милиони евра и ексрепсно беа продадени.
Во тој пакет се содржат 40 места за ложа, и тоа за 10 меча на стадионот „Лусаил“ на кој ќе се игра и финалето.
Најевтините билети за сите 10 натпревари во Лусаил, вклучително и едно четвртфинале, едно полуфинале и финале, чинеа од 11.770 евра до 60.845 евра во „Бисерната ложа“.