Дома Трансфер зона Брајтвајт може да се пресели во Премиер лигата

Брајтвајт може да се пресели во Премиер лигата

Напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт би можел да се пресели на Островот.

Вест Хем игра одлично под водство на Дејвид Мојс од почетокот на сезоната и во овој момент „чеканите“ се петти на табелата со добри шанси да се пласираат во некое од европските натпреварувања наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот клуб е во потрага по напаѓач, а еден од играчите кој може да го реши тој проблем е Мартин Брајтвајт, тврдат шпанските медиуми.

Данецот беше мета на Вест Хем и минатото лето, меѓутоа тогаш остана „Камп Ноу“. Тој собра 25 натпревари и додаде две асистенции, но сосема јасно е дека на крај од сезоната ќе ја напушти Барселона.

Англискиот тим не се откажал од негово доведување, вистинска акција се очекува наредното лето кога Брајтвајт би можел да се врати на Островот каде што го носеше дресот на Миделсброу во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…