Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи се засили со поранешен вардарец: Доаѓам да ја освојам титулата!

Шкупи се засили со поранешен вардарец: Доаѓам да ја освојам титулата!

Раководството на Шкупи го ангажираше поранешниот фудбалер на Вардар, Али Адем.

Али Адем доаѓа на позајмица од грчки Арис и истакна дека е среќен што се враќа во Македонија.

Екипата на Шкупи есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата, а со ова засилување покажа дека има високи амбиции сезонава.

„Многу сум среќен што дојдов во клуб со голема традиција, моето доаѓање во овој клуб е поврзано со амбициите, посакувам да станеме шампиони и да ја вратиме титулата на Чаир која долго време недостасува“, изјави Адем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …