Дома Фудбал Англија Новинарите го прашаа тренерот на Саутемптон како е втор пат да се изгуби 9:0

Новинарите го прашаа тренерот на Саутемптон како е втор пат да се изгуби 9:0

Саутемптон изминатата ноќ доживеа вистински дебакл на „Олд Трафорд“ каде што беше поразен од Манчестер Јунајтед со 9:0

Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхутл така втор пат изгуби со овој резултат од доаѓањето во Премиер лигата (Лестер 2019 година) и така е единствениот менаџер кој имал таква несреќа.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


После мечот австрискиот стратег доби прашање какво е чувството по втор пат да изгуби со 9:0.

„Неверојатно! Што мислите вие какво е!? Црвен картон против ваков противник после само три минути…Не запреа со постигнувањето голови, но јас сум разочаран поради вториот црвен картон. Не сакам да зборувам за судијата, но и минатата недела беше на наш нтпревар и остави дамка (недосуден пенал со Астон Вила). Се обидовме да направиме нешто да примиме што е можно помалку голови, меѓутоа кога имавме девет играчи лесно им беше да погодуваат“.

„Што да ви кажам? Ова е ужасно. Како и да е се подигнавме после претходниот пораз од 9:0 мораме тоа да го направиме и сега“, изјави Хасенхутл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…