Од вчера македонскиот репрезнетативец Стефан Ристовски и официјално е дел од Динамо Загреб.
Динамо на Спортинг каде што Ристовски беше отпишан му плати еден милион евра. Ристовски во Спортинг не играше и беше избркан од првиот тим поради расправија со тренерот Рубен Аморим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Спортинг Ристовски помина три ипол години откако дојде после двојната круна со Ријека.
На социјалните мрежи по трансферот Ристовски испрати порака до навивачите.
„Имам многу да напишам, тешки времиња се зад мене и моето семејство, а денес можам да кажам дека сум горд спортинговец. Ви благодарам за прекрасните моменти. Ве гушкам“, стои во пораката на Ристовски.
Брзо на неговата порака одговори неговиот добар пријател од деновите во Спортинг и сегашен играч на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.
„Жал ми е што твојата авантура во Спортинг завршува вака. Секогаш даваше се од себе и ги почитуваше вредностите кои ги бара клуб како Спортинг. Благодарен сум ти за се што направи за мене и за клубот во периодот додека играше за него. Секогаш беше „цар“ и заслужуваш уште една шанса да покажеш шт знаеш. Твоите успеси, ќе бидат и мои“, напиша Бруно.