Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја коментираше ситуацијата околу Лионел Меси.
Меси влезе во последната година од договорот и се поголеми се шансите на лето да си замине од „Камп Ноу“ како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси не беше задоволен што е дел од тим кој загуби со 8:2 од Баерн во ЛШ. Поради тоа беше нервозен и сакаше да го напушти клубот. Тој се уште е најдобриот играч во светот, но е лут поради некои ситуации во клубот. Знаев дека тој има проблеми со клубот, но јас се држев на страна и не се мешав во тоа“, истакна Куман.
„Не знам дали ќе остане во Барса. Се уште не можам да го замислам во друг дрес. Не сум сигурен дека ќе остане, но се уште имам надежи дека може да остане“, додаде Куман.