Дома Топ вести Готово: Клоп донесе стопер од 30 милиони

Готово: Клоп донесе стопер од 30 милиони

Сагата околу новиот дефанзивец на Ливерпул конечно заврши. „Црвените“ го осигураа потписот на турскиот репрезентативец Озан Кабак.

Ливерпул денес постигна комплетен договор со Шалке, а Кабак во Германија веќе ги минал лекарските прегледи и денес ќе стави потпис на договорот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кабак ќе се пресели на „Енфилд“ на позајмица до крајот на сезоната, но Ливерпул ќе биде задолжен да го откупи на лето за 30 милиони евра.

Клоп веќе подолго време беше во потрага по дефанзивец, поради проблемите со повредени играчи, а Кабак беше негов прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…