Дома Фудбал Бенфика ќе му биде домаќин на Арсенал надвор од Португалија

Бенфика ќе му биде домаќин на Арсенал надвор од Португалија

Коронавирусот ќе имБ прави проблем на клубовите во нокаут фазата од европските натпреварувања и тоа е веќе извесно.

Првите такви последици ќе ги почувствува Бенфика која домашниот натпревар против Арсенал во 1/16 финалето од Лига Европа ќе го игра надвор од Португалија на неутрален терен.

Имено, според законот во Португалија сите кои ќе влезат во државата мораат да бидат 10 дена во изолација. На фудбалерите на Арсенал разбирливо тоа не им одговара.

Бенфика така ќе мора да пронајде нов стадион во друга држава за да го одигра натпреварот против „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети бара силна „деветка“: Јувентус го разгледува Скамака за јануари

Напаѓачот на Аталанта е меѓу кандидатите за засилување на Јувентус, а Спалети добро го поз…