Во турските медиуми се пишува за можен трансфер во јуни на Езгјан Алиоски во редовите на Галатасарај.
Тешко е да се поверува дека Алиоски има намера Премиер лигата да ја замени со турското првенство, посебно поради тоа што веќе некое време островските медиуми најавуваат дека ќе му биде продолжен договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турците сепак, пишуваат дека Галатасарај имала големи шанси да го реализира овој трансфер. Тие сакаат да го искористат тоа што новиот договор не е потпишан и му нудат поголема плата на македонскиот репрезентативец.
Галатасарај секако не е мал клуб, станува збор за вистински гигатн, меѓутоа Премиер лигата е нешто посебно. Останува да видиме како работите ќе се развиваат.