Дома Останати Ракомет Дувњак: Се извинувам на секој Хрват, ова беше мој најлош турнир

Дувњак: Се извинувам на секој Хрват, ова беше мој најлош турнир

Хрватска важеше за еден од најголемите фаворити на Светското првенство во Египет, меѓутоа момците на Лино Червар не обезбедија место во четвртфиналето.

Во најважниот натпревар за пласман во четвртфиналето Данска ја прегази Хрватска со победа од 12 гола разлика. Домагој Дувњак после мечот како капитен ја превзема вината за лошото издание на турнирот во Египет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Како капитен на овој тим сакам да се извинам на мојата земја во име на репрезентацијата. Од самиот почеток на турнирот не бевме во вистинска форма. Данска ни одржа лекција. Не знаеме зошто одигравме на ваков начин. Минатото ЕП имавме одлична одбрана, но сега нешто не беше како што треба. Ја преземам одговорноста и се извинувам на секој Хрват и наш фан, ова беше и мој најлош турнир во кариерата“, изјави Дувњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…