Дома Фудбал Челзи го отпушти Лампард!

Челзи го отпушти Лампард!

Френк Лампард доби отказ во Челзи после 18 месеци поминати во клубот.

Денес раководството на Челзи имало состанок и епилогот е – отказ на Лампард. Натпреварот против Лутон во ФА Купот кој Челзи го доби со 3:1 ќе се покаже како последен на клупата на „сините“ за Лампард.

Челзи доживеа пет порази на последните осум натпревари во Премиер лигата, а капката која ја прелила чашата бил поразот од Лестер во вторникот.

Официјална потврда нема, но таа се очекува да пристигне во текот на денот. Нема сомневање дека ќе ја има затоа што објавија сите најпознати медиуми во Англија. Прв фаворит за наследник на Лампард е Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…