Дома Фудбал Италија Пиоли воодушевен од Манџукиќ: Доведен е да игра заедно со Ибрахимовиќ

Пиоли воодушевен од Манџукиќ: Доведен е да игра заедно со Ибрахимовиќ

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли денес одржа прес-конференција пред натпреварот со Аталанта, а посебна конференција на овој прес беше Марио Манџукиќ.

Хрватскиот напаѓач пред неколку дена потпиша за Милан и веднаш започна со тренинзи во полна пареа. Пиоли за него има само пофални зборови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Веднаш одлично се вклопи. Веќе играше во Италија и знае што е потребно да играте тука. Физички исто така е во одлична форма, иако долго не играл се гледа дека работел на себе. Можам да ви кажам дека е спремен да игра уште утре“.

Пиоли верува дека Манџукиќ може да игра заедно со Ибрахимовиќ.

„Убеден сум дека можат да играат заедно. Марио само што дојде, а таа една од можните опции. Можам да ви кажам дека и затоа е доведен. Отворен сум за сите опции, ќе видиме како работите ќе изгледаат на теренот“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пофалбите за Модриќ не престануваат: „Ме воодушеви, игра како да има 25 години“

Пофалбите на сметка на Лука Модриќ би можеле да се објавуваат секој ден, бидејќи речиси се…