Светската фудбалска федерација и шестте конфедерации кои ја градат структурата на организацијата – УЕФА, АФК, КАФ, КОНКАКАФ, КОМНЕБОЛ и ОФК денес излегоа со остро официјално соопштение во однос на формирање на европска Суперлига.
Раководството на ФИФА предупредува дека секој клуб и секој играч, кој ќе земе учество во Суперлигата, ќе биде исклучен од сите официјални натпевари под капата на ФИФА. Во соопштението се дополнува дека единственото ново натпреварување кое го признава е Светското клупско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова соопштение беше официјално објавено денес откако вчера претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше тричасовна средба со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Наводно двајцата разговарале за формирањето на Суперлигата, а неодамна поранешниот претседател на Барса, Бартомеу потврди дека европските гиганти спремаат Суперлига и дека Барселона ќе учествува во тоа натпреварување.
Причината поради која ФИФА и УЕФА остро се спротиставуваат на Суперлигата е финансиска, бидејќи се претпоставува дека ова натпреварување ќе ја „засени“ Лигата на шампиони и ќе ги собери сите спонзорски договори.
FIFA and the six confederations have released a statement in light of recent media speculation about the creation of a closed European 'Super League'.
— FIFA.com (@FIFAcom) January 21, 2021
ℹ️👉 https://t.co/0WCjeZSVDl pic.twitter.com/uiCAVBkMXw