Дома Топ вести Пукна брука во Шпанија: Третолигаш го елиминира Реал Мадрид од Кралскиот куп!

Пукна брука во Шпанија: Третолигаш го елиминира Реал Мадрид од Кралскиот куп!

Синоќа во Шпанија се случи голема сензација во 1/16 финалето на Кралскиот куп, каде Реал Мадрид испадна од екипата на Алкојано после продолженија со 2:1.

Малкумина слушнале за шпанскиот третолигаш, екипата на Алкојано, но Реал ќе ги памети долго.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Реал од првата минута ја имаше иницијативата и дојде до гол во последната минута од првиот дел преку Милитао. Во продолжение Кралевите се опуштија, а домашните тоа знаеја како да го искористат.

Во 80. минута домашниот тим сосема заслужено дојде до гол. Во продолженијата третолигашот успеа да дојде и до втор погодок.

Се играше 110. минута, кога Лопез заработи втор жолт картон, односно црвен со што го остави тимот да се бори со играч помалку.

И кога сите очекуваа Реал да ја искористи оваа прилика се случи токму спротивното и Алкојано после прекрасна акција стигна до втор погодок вреден за победа над славниот Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во пос…