Дома Фудбал Агентот на Мората на средба со шефовите на Реал

Агентот на Мората на средба со шефовите на Реал

Денес на пладне претставниците на Алваро Мората – неговиот татко Алфонсо и неговиот личен агент Хуанма Лопес, се сретнаа со раководството на Реал Мадрид, пренесува „АС“.

Средбата траела 50 минути и на неа била разгледувана понудата од Манчестер Јунајтед, која пак не ги задоволува барањата на „кралскиот“ клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, од „Сантиаго Бернабеу“ бараат 80 милиони евра за слободата на Мората, а „црвените ѓаволи“ во моментов не се спремни да платат толкава сума.

Челзи и ПСЖ исто така се заинтересирани за шпанскиот напаѓач, но медимите тврдат дека Мората има договор со Манчестер Јунајтед и сака преселба на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Агентот на Холанд: Не сме имале никакви контакти со Барселона или некој од кандидатите за претседател

Агентот на Ерлинг Холанд, Рафаела Пимента, увери дека не разговарала со ниту еден од канди…