Беласица денес официјално го потврди она што беше познато од претходно, Ѓоре Јановски ќе биде нивниот предводник во вториот дел од сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Во пролетниот дел, ФК Беласица со нов предводник на тимот, во остварување на зацртаните цели!Јовановски, кој покрај играчката кариера, има и богата кариера како стратег и тоа во Вардар, Слога Југомагнат, Македонската репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, а сега во своето CV ќе ја придодади и ФК Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата“, стои во соопштението од ФК Беласица.
Јовановски верува во изборување опстанок во ПМФЛ.
„ФК Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека ФК Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи“ – истакна искусниот стратег .Му посакуваме среќа и успех во работата“