Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието откако постигна два гола на своето деби во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јовиќ пристигна во Реал Мадрид како големо засилување за 60 милиони евра, но една година и половина постигна само еден гол.
Јовиќ не добиваше голема минутажа во Мадрид па реши да се врати во Ајнтрајт на позајмица, каде блеска уште на првиот меч и постигна два гола.
„Секогаш вината е моја, секогаш. Меѓутоа, тешко е да се игра за Реал, го искусив тоа како играч. Има моменти кои мора да ги искористиш и да покажеш дека си играч за Реал. Мислам дека не погрешивме кога го купивме и среќен сум за него“.
„Еден ден ќе постигнува многу голови и за Реал Мадрид, сигурен сум во тоа. Меѓутоа, мора да знаете дека не е исто кога играш за Реал или за некој друг клуб“, истакна Зидан.