После поразот од Интер вклучен е алармот во редовите на Јувентус, па тренерот Пирло веднаш побара нови засилувања.
Јувентус синоќа беше надигран во Милано, а Пирло смета дека проблемот е во средниот ред и бара засилувања, а прво име на списокот е Мануел Локатели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло, се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Проблем е цената, бидејќи Сасуоло во моментов го проценува својот играч на 50 милиони евра, а „старата дама“ не е спремна да понуди повеќе од 30 милиони евра.