
Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт соопшти вести од состанокот со Кабиб Нурмагомедов.
Вајт разговараше со Кабиб за тој да се врати во октагон. Ќе потсетиме Кабиб после последната борба реши да се повлече, но сепак таа негова одлука би можела да се промени.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Ќе ја гледам борбата помеѓу Мекгрегор и Порие, ако некој од нив во таа борна направи нешто специјално и ме мотивира, ќе се вратам“, му кажал Кабиб на Вајт.
Кабиб во овој момент е на скор од 29 победи и нема пораз, желбата на неговиот татко кој почина беше неговиот син да стигне до 30 побед. Мекгрегор и Порие ќе се борат на УФЦ 257 евентот.