Дома Фудбал Англија Бурно било во Кристал Палас пред дуелот со Арсенал: Се степале Батшуаи и Миливојевиќ!

Бурно било во Кристал Палас пред дуелот со Арсенал: Се степале Батшуаи и Миливојевиќ!

Кристал Палас вчера успеа да освои бод против Арсенал на „Емирати“.

Во еден скромен меч не видовме голови, но затоа било и тоа како бурно во редовите на гостите пред овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, пред дуелот со Арсенал на тренингот на Кристал Палас дошло до физичка пресметка помеѓу Мичу Батшуаи и Миливојевиќ. Според информациите, Миливојевиќ не бил задоволен од залагањето на Белгиецот и го гаѓал со топка. По тој момент следувала физичка пресметка, како што пишува „Дејли Мејл“ Миливојевиќ завршил на тревата.

Соиграчите реагирали и ги раздвоиле, а Рој Хоџсон одлучил двајцата да поминат без казна.

Инаку, Миливојевиќ во последно време има проблеми со однесувањето. Неодамна ги прекрши Ковид правилата со Александар Митровиќ после што се извинуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…