Дома Видео Погледнете како Лев истрча на теренот и спречи тепачка на финалето со Чиле

Погледнете како Лев истрча на теренот и спречи тепачка на финалето со Чиле

Битката на финалниот дуел од Купот на конфедерациите во Санкт Петерсбург беше жестока, а Германија успеа да ја добие со минимални 1:0 кои ја закитија со ново злато.

Во самата завршница од натпреварот Чилеанците, кои беа подобра екипа во поголемиот дел од натпреварот, бркаа израмнување после серијата промашени шанси. Во 90-та минута, после еден прекршок, еден од германските играчи остана да лежи на земја со топката меѓу нозете, на што чилеанските играчи веднаш скокнаа со реакција и сакаа да продолжат со играта. Во гужвата се вмеша и клупата од Германија и настана нов хаос на теренот.


Дури и селекторот на Германија, Јоаким Лев, мораше да реагира, па притрча на теренот и дојде до местото каде што настана гужвата повлекувајќи ги своите играчи за да не дојде до поголем инцидент и натпреварот да продолжи. Но, за Чиле веќе немаше доволно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…