Дома Македонски спорт Мак ракомет Кузмановски: Тешко е да се игра во услови на Ковид, но организацијата е добра

Кузмановски: Тешко е да се игра во услови на Ковид, но организацијата е добра

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Шведска ги отвори настапите на Светското првенство во Египет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Филип Кузмановски признава дека репрезентативците одигале под своето ниво но истакна дека е тешко да се игра во услови на коронавирус.

„Не одигравме како што знаеме, Шведска беше подобар противник и им честитаме за заслужената победа. Можам да кажам дека организацијата на Мундијалот и хотелот се прекрасни, немаме никакви проблеми, уживам играјќи за првпат во Египет. Искрено, тешко е да се игра во услови на коронавирус, но се надевам дека состојбата ќе се подобри и навивачите наскоро ќе се вратат во салите“, изјави Кузмановски. 

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…