Дома Останати Ракомет Египет потфрли во организацијата: Ракометарите се возеа четири часа за тренинг од 50 минути!

Египет потфрли во организацијата: Ракометарите се возеа четири часа за тренинг од 50 минути!

Многу репрезтации се пожалија на лошата организација на СП од страна на Египет, а дека е така почуствува и нашата репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, за нашите ракометари утрово да одработат тренинг од 50 минути мораа да се возат вкупно четири часа! Тоа секако дополнително малтретирање и проблем за избраниците на Брестовац.

На сето тоа проблем е и што во хотелот каде што се сметени репрезентативците не е затворен само за ракометарите туку има и други „обични“ гости, што во време на пандемија со коронавирус може да биде проблем.

Скандалозно може да се нарече и тоа што кога вчера играше домаќинот Египет на трибините имаше околу стотина гледачи иако натпреварите треба да се играат без гледачи. Ова секако не засега и нас затоа што Египет е во нашата група и со нив ќе играме во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…