Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ откри детали околу преговорите за нов договор со „кралскиот“ клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот фудбалер во светот за 2018 година е оптимист дека двете страни наскоро ќе постигнат конечен договор.
„Преговорите се во тек, се тече во правилна насока. Но, тоа ништо не менува кај мене. Јас работам добро на тренинзите и сум максимално сконцентриран. Годините не се проблем, се чуствувам одлично на оваа возраст“, изјави 35-годишниот Модриќ.
Оваа сезона Хрватот запиша 23 настапи за Реал на кои постигна 4 гола и запиша една асистенција.