Дома Трансфер зона Гвардиола ја „краде“ големата желба на Пирло

Гвардиола ја „краде“ големата желба на Пирло

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.

Плејмејкерот е голема желба на Андреа Пирло, кој се обидува да го донесе во Јувентус, но сега доби силна конкуренција.

Манчестер Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе Италијанецот на „Етихад“, па веќе спремиле понуда од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…