Дома Останати Македонија поразена од Турција во квалификациите за ЕП

Македонија поразена од Турција во квалификациите за ЕП

Македонија го запиша првиот пораз во групата Ц од квалификациите за Европското првенство, откако попладнево загуби од Турција со 3:1 во сетови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Турците одлично го започнаа натпреварот и го добија првиот сет со 25:16, а Македонија во вториот врати со одлична игра за 25:18 и израмни на 1:1.

Сепак, Турците третиот сет го почнаа фуриозно и направија 4:0 по што нашите одбојкари паднаа психички и не успеаја да се вратат во игра, па на крајот со 25:18 Турција поведе со 2:1.

Четвртиот сет селекцијата на Турција го освои лесно и со 25:12 и 3:1 во сетови го добија натпреварот.

Македонија утре игра против БиХ, натпревар кој мора да се добие доколку сакаме да ги задржиме шансите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…