Легендарниот напаѓач доби нов договор на 54 години.
Јапонскиот ветеран Казујоши Миура го продолжи договорот со Јокахома, иако во февруари ќе наполни дури 54 години.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Миура дебитираше во 1986 година во дресот на бразилскиот Сантос, а после престојот во Бразил се врати во Јапонија каде што помина најголем дел од својата кариера. Помина сезона во Џенова како и во Динамо Загреб во 1999 година.
Во Јокохама е од 2005 година и за тој клуб запиша соро 300 натпревари.
„Го обновив договорот со Јокохама. Минатата сезона светот беше во тешка ситуација поради короната, а сите сме среќни што повторно можеме да играме фудбал. Ми недостасуваше фудбалот и мојата страст кон него се повеќе се зголемува“, изјави ветеранот Миура.