Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац: Чиле не е некое мерило, костурот ако играме на СП веќе го знам

Брестовац: Чиле не е некое мерило, костурот ако играме на СП веќе го знам

Репрезентацијата на Македонија ги заврши овие јануарски подготовки и сега останува само да чекаме и да видиме дали како прва резерва ќе бидеме повикани да настапиме на СП.

Вчера со комбиниран состав и вторпат го победивме Чиле. Против Чиле игравме без капитенот Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков…како и со неколку ракометари кои првпат играат заедно.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот Данило Брестовац порачува дека веќе знае со кој соста би одела Македонија на СП.

„На овие натпревари повеќе внимавмавме на одбраната, корегиравме некои работи. Момците се млади и им треба време за да дојдат на едно повисоко ниво. Сепак, овие дуели со Чиле не некое мерило, она што најмногу ме радува е односот кој го имаат кон ваквите натпревари. Не е лесно да влезеш, па за брзо да излезеш за да се направи таа ротација. Ова се млади играчи кои сакаат минутажа и сакаат повеќе да играат, но мораат да се навикнат дека така ќе функционираме во репрезентацијата“.

„Горе-долу веќе знам кои 10-12 играчи ќе бидат носители на играта. Вие што бевте присутни на натпреварите видовте дека отприлика ова е репрезентацијата која ќе игра на ЕП во Словачка и Унгарија ако се пласираме. Во главно сум задоволен и мислам дека сме на добар пат“, изјави Брестовац.

Ќе потсетиме, ние чекаме да видиме дали некоја од репрезентациите ќе го откаже учеството за ние да добиеме повик. Такво нешто најмногу може да се случи со Шведска и Чешка кои имаат големи проблеми со коронавирусот во нивните репрезентации.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …