Дома Трансфер зона Aгентот на Ериксен ќе го тужи Интер

Aгентот на Ериксен ќе го тужи Интер

Кристијан Ериксен во јануарскиот преоден рок веројатно ќе замине од Интер, а миланскиот клуб се уште должи пари за неговото доаѓање пред една година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Данскиот фудбалер пристигна минатото лето од Тотенхем за 20 милиони евра. Неговиот агент Мартинус Шотс тврди дека Интер му должи за пари за посредување на трансферот и бара исплата.

Италијанските медиумо пишуваат дека Интер го овластил Шотс за преговори со Тотенхем и му ветил седум милиони евра ако ја заврши работата. Тој тврди дека до сега клубот му исплатил само милион евра и дополнителната сума ќе ја бара на суд.

Ериксен во претходната година не се снајде во Интер и ќе биде изненадување ако и после јануари остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…